Крај на сезоната за Блејк Грифин?

Кошаркарот на Детроит, Блејк Грифин мака мачи со повредите оваа сезона. Поради проблеми со коленото Грифин одигра само 18 натпревари во досегашниот дел од сезоната.

Како што пишуваат дел од американските медиуми, за Грифин уште сега е можен крај на сезоната. Според препораката на лекарскиот тим на клубот мора итно да биде подложен на операција на коленото а тоа и дефинитивно ќе значи крај на сезоната. Според најавите, операцијата ќе биде по Ол-стар паузата.

Крилниот центар кој е роден во Оклахома, пред Детроит, настапуваше и за ЛА Клиперс, а во 2011 година беше во Ол-стар тимот избран и за руки на годината.

Се вчитува...