Крај на сезоната за Хари Кејн?

Тотенхем прескапо ја плати победата над Милвол во четвртфиналето од ФА Купот на Англија откако „спарси“ останаа без својот најдобар фудбалер, Хари Кејн. Одличниот голгетер го повреди скочниот зглоб на почетокот од натпреварот, а во таборот на „спарси“ стравуваат дека повредата е многу слична на онаа од септември, кога скочниот зглоб на Кејн настрада на дуелот со Сандерленд, по што англискиот репрезентативец паузираше речиси два месеци од терените.

Чекаме да видиме што ќе кажат лекарите, но на прв поглед повредата не изгледа наивна. Состојбата на Кејн е многу слична како при повредата против Сандерленд, која беше на зглобот на истата нога. Стравуваме дека можеби тој нема да може да игра до крајот на сезонава, но не би кажал ништо повеќе додека не ги добиеме резултатите од деталните лекарски прегледи“ – изјави менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино.

Едно е јасно, доколку Кејн не може да му помогне на тимот до крајот на сезонава, Тотенхем ќе има огромни проблеми да се задржи на место на табелата кое значи учество во ЛШ следната сезона.

Се вчитува...