Крај на сезоната за Марк Маркез?

Марк Маркез ќе мора да го предаде тронот на Мото ГП шампионатот на еден од своите ривали откако осумкратниот светски првак денеска дозна дека му претстои долга пауза од патеките.

Повредата на раката дефинитивно воопшто не е наивна, па по неуспешните обиди за брз камбек челниците на Хонда по консултациите со лекарите и со самиот Маркез донесоа одлука да не се ризикува со Шпанецот и да се чека на негова целосна рехабилитација. Според првичните прогнози, таа ќе изнесува меѓу два и три месеци, но наша цел е Марк да се врати само кога ќе биде максимално подготвен за такво нешто.

„Имаше многу шпекулации околу состојбата на Маркез. Не постои рок во кој очеккуваме враќање, но дефинитивно нема да брзаме. Врз него беше извршен и втор хируршки зафат и Маркез ќе се врати само кога ќе биде стопроцентно подготвен“, изјави Алберто Пуиг, тимскиот шеф на Хонда.

Се вчитува...