Крај на сезоната за Стеф Кари

Трикратниот шампион во НБА лигата Стеф Кари сепак нема да се врати на паркетот сезонава, пренесуваат американските медиуми.

Кари на крајот на минатиот месец доживеа кршеница на левата рака во мечот против Феникс. Првичните предвидувања беа дека тој би требало да се врати за три месеци, но како што пренесуваат медиумите во САД времето за рехабилитација треба да трае подолго. Се шпекулира дека Вориорс не сакаат да ризикуваат со враќање на Кари, бидејќи сезоната е секако загубена, бидејќи надвор од тимот до крајот на сезоната ќе биде и Клеј Томпсон.

Се вчитува...