Крај на сезоната за Жо Вилфред Цонга

Францускиот тенисер Жо Вилфред Цонга поради повреда ќе го пропушти останатиот дел од сезоната. 52. тенисер на АТП листата објави дека поради повреда на карлицата ќе мора да го пропушти крајот на годината и дека за жал нема да биде дел ниту од домашниот грен-слем, Ролан Гарос.

„За жал нема да играм до крајот на сезоната. Жал ми е што нема да бидам дел од Ролан Гарос. Ќе гледам да се рехабилитирам и да бидам подготвен за следната сезона. Сигурен сум дека и покрај се ќе се вратам следната година на терените“, изјави Цонга. 

Се вчитува...