Серијата изненадувања на женскиот дел од Вимблдон кулминираше денеска со елиминацијата на првата носителка Арина Сабаленка, која загуби со 0-2 во сетови од Наоми Осака.
Сабаленка беше надвор од посакуваниот ритам, се мачеше да парира на сервис на противничката, која наметна темпо и заслужено се радуваше на победата. Осака беше исклучително импресивна во првиот сет што го доби со 6-2, во вториот се играше израмнето до таљјбрејкот, кој заврши со победа на Наоми од 7-2.
Нејзина следна противничка ќе биде Мухова, која триумфираше со 2-1 во сетови против сонародничката Крејчикова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
