Петогодишната соработка помеѓу Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ е завршена. Иванишевиќ се приклучи во тимот на Ѓоковиќ во 2009 година на турнито во Вимблдон, и со него оствари бројни успеси.
Голем напредок Ѓоковиќ имаше со Иванишевиќ во сервисот, што придонесе и за добри резултати. Во ерата на Иванишевиќ, Ѓоковиќ освои осум грен слем турнири.
Во кариерата Иванишевиќ соработуваше и со Марин Чилиќ, Томас Бердих и Милош Раониќ. Сега се очекува Ѓоковиќ да именува нов тренер.
Следниот турнир на Србинот ќе биде Мастерсот во Монте Карло кој почнува 7. април.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА