Крај за Серена – Азаренка и Осака во финалето на УС Oпен

Викторија Азаренка и Наоми Осака ќе се сретнат во финалето на годинашното издание на УС опен.

Белорусинката по пресврт ја совлада помладата од сестрите Вилијамс со 2- 1 по сетови 1-6, 6-3 и 6-3. Иако Серена одлично го отвори мечот и со убедливи 6-1 го освои првиот сет, во продолжение следуваше неверојатна игра на Азаренка кое доведе до целосен пресврт и ново финале за Белорусинката во Њујорк.

Таму таа ќе се сретне со Јапонката Наоми Осака која во првото полуфинале ја совлада втората домашна претставничка Џенифер Брејди со 7-6, 3-6 и 6-3.

Наоми Осака по втор пат се најде во финалето на американскиот грен-слем, каде во 2018 ја совлада Серена Вилијамс и стигна до првата грен-слем титула, додека Викторија Азаренка два пати губеше во финалните мечеви и ова ќе биде нејзин трет обид за титула во Њујорк.

Се вчитува...