Крај за Вејд, Мајами без плеј-оф, Шарлот и Детроит го бркаат последното место на Исток (ВИДЕО)

Детроит и Шарлот останаа во трка за последното слободно место во НБА разигувањето преку Источната конференција. На еден натпревар пред крајот од регуларниот дел, осмото место во Источната конференција го држи Детроит со биланс 40/41, а до него дојде победувајќи го во претпоследниот натпревар Мемфис со 100-93.

И Шарлот забележа победа, славеше над Кливленд со 124-97 и е во одлична серија од четири последовни успеси, но тоа може да не е доволно особено што Детроит во последното коло игра против слабиот Њујорк, а „хорнетс“ играат против Орландо кој има обезбедено плеј-оф , но е во трка за подобра позиција на конечата табела.

Од битката за единственото слободно место во разигрувањето испадна Мајами кој и покрај победата над Филаделфија од 122-99 останува надвор од играта поради триумфот на Детроит над Мемфис. Пред натпреварот, Мајами и целата публика во салата му оддадоа почит на Двејн Вејд, легендата која по 16 сезони ја завршува НБА кариерата. Мечот, Вејд го заврши со 30 поени.

Се вчитува...