„Кралевите“ едвај ја победија Малага

Реал Мадрид со судни маки успеа да ја победи Малага со 3-2 и ја намали негативата во однос на лидерот Барселона на седум бода. Карим Бензема во деветтата минута го отвори резултатот, но Ролан израмни во 18.минута.

Кашемиро повторно ги донесе „кралевите“ во водство три минути подоцна, но Малага се покажа како тврд орев за актуелниот шампион. Во второто полувреме, Кастро во 56.минута и вторпат го израмни резултатот, а триумф сепак донесе Кристијано Роналдо.

Португалецот во 76.минута изведе пенал, Роберто Хименез го одбрани неговиот удар, но од вториот обид Роналдо сепак ја затресе мрежата.

Се вчитува...