„Кралевите“ го искористија „киксот“ на Атлетико Мадрид – Кашемиро за победа над Валјадолид (ВИДЕО)

Реал Мадрид го искористи киксот на градскиот ривал и поразот од Леванте, совладувајќи го на гостински терен Реал Валјадолид со минимални 0-1 во натпревар од 24. коло од шпанската Ла лига.

Клучниот момент на дуелот се случи во 65. минута, кога по одличниот центаршут на Тони Крос во шеснаесетникот најдобро се снајде бразилскиот интернационалец, Кашемиро.

Со овој триумф „кралевите“ со 52 освоени бода, дојдоа на само три негатива од градскиот ривал Атлетико Мадрид, но „душекчиите“ имаат и натпревар помалку. Валјадолид останува претпоследен со 21 бод.

 

 

 

Се вчитува...