Европскиот првак Реал Мадрид го загуби трпението со велшкиот интернационалец Герет Бејл. Повредите кои го следат овој фудбалер во изминатиот период се чини дека ќе бидат пресудни за тој да си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Раководството на клубот направило проценка дека е можеби најдобро да го продаде во зимскиот преоден рок.
Бејл за периодот додека е во Мадрид доживеа дури 19 повреди и пропушти голем број натпревари. Затоа, Реал Мадрид сака да извлече добра сума со негова продажба што е можно побрзо. „Кралевите“ би биле задоволни доколку добијат 85 милиони евра за него, и веднаш ќе ги инвестираат во нов напаѓач. Најголема желба на Зинедин Зидан е Хари Кејн, напаѓачот на Тотенхем, за кого можеби ќе бидат потребни и дури 200 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА