„Кралевите“ ја преслушаа Барса и го кренаа Суперкупот на Шпанија

Реал Мадрид го освои Суперкупот на Шпанија совладувајќи ја Барселона со 89-79, како најава за новата кошаркарска сезона на Пиринеите. Факундо Кампацо беше МВП на дуелот, а „кралевите“ клучната предност ја остварија во вториот период кој го добија со 27-13. Барселона се обиде да се врати во третата четвртина, постигна дури 30 поени, но, сепак, не беше доволно за да се доближи и да го направи интересен финишот на мечот.

Дојде каталонскиот тим до четири негатива (65-69), но Реал Мадрид брзо успеа да се одлепи, а на крајот и убедливо да победи.

Се вчитува...