„Кралевите“ лесно се справија со Алавес (ВИДЕО)

Реал Мадрид без никакви проблеми успеа да дојде до триумф од 1-4 на гостувањето против Алавес.

„Кралевите“ триумфот го обезбедија со три погодоци уште во првото полувреме. Стрелци за гостите беа Кашемиро, Бензема и Азар.

Во второто полувреме, откако најпрво домашните намалија на 1-3, Бензема во 70. минута со својот втор гол на мечот заокружи на 1-4.


Се вчитува...