„Кралевите“ не го искористија „киксот“на Барса, без голови во Билбао, поцрвене Рамос

Реал Мадрид не успеа да го искористи „киксот“ на Барселона, која денеска ремизираше на „Камп Ноу“ против Селта (2-2). „Кралевите“ исто така ремизираа, не успевајќи да постигнат гол (0-0) на гостувањето против Атлетик Билбао. Сега негативата во однос на Барселона останува големи осум бода, а Реал Мадрид е бодовно послаб и од Валенсија и од Атлетико Мадрид.

Во второто полувреме, Реал Мадрид имаше комплетна доминација, се заканија неколку пати Бензема, Роналдо, Иско, Модриќ, но мрежата на Кепа Аризабалага остана мирна. Во завршницата, капитенот Серхио Рамос заработи втор жолт картон и беше исклучен, па „кралевите“ го завршија мечот со десетмина.

Се вчитува...