„Кралевите“ нудат 82 милиони евра за Еден Азар

Белгискиот интернационалец Еден Азар е една од главните цели на Реал Мадрид во летниот преоден рок. По враќањето на Зинедин Зидан, кого напаѓачот на Челси го смета за фудбалски идол, се отвори комплетно можноста за негов трансфер на „Сантијаго Бернабеу“. Раководството на „кралевите“ ја испрати и првата понуда, вредна 82 милиони евра.

Азар има актуелен договор со Челси до 30 јуни 2020 година и понуда за продолжување на соработката. Но, тоа Белгиецот упорно го одбива сакајќи да направи трансфер во Реал Мадрид. Голем проблем може да претставува фактот што Челси доби забрана од УЕФА за ангажман на нови фудбалери во наредните два преодни рока.

За очекување е лондонскиот клуб да ја одбие првата понуда и потоа цената да ја надмине границата од 100 милиони евра, со оглед на најавите дека трансферот на Азар бил една од работите на кои Зидан инсистирал при разговорите со Флорентино Перез за враќање на клупата на Реал.

Се вчитува...