Заврши ерата на австрискиот репрезентативец Давид Алаба во Реал Мадрид. После пет сезони, дефанзивецот заминува од клубот како слободен агент.
„Кралевите“ преку официјална објава се заблагодарија на Алаба на досегашниот придонес, и му посакаа се најдобро во иднина.
Алаба одигра 131 натпревар во текот на пет сезони, во кои освои 2 пехари во Лигата на шампионите, 2 Светски клупски првенства, 2 УЕФА Супер-Куп трофеи, две титули во Ла Лига, еден трофеј во Купот на Шпанија и два во Супер-Купот.
Тој во сабота за последен пат ќе го носи дресот на Реал Мадрид. Претходно „кралевите“ ја најавија разделбата и со Дани Карвахал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
