„Кралевите“ позираат со новите униформи за сезоната 2017/18

Реал Мадрид  ги претстави новите дресови за домашни и за гостински натпревари за сезоната 2017/2018.  Бејл, Марсело, Бензема, Иско и Крос, се дел од фудбалерите кои позираа со новата униформа, а секако во фотосесијата се најде и тренерот Зидан, кој ги претстави официјалните тренерки.

Домашниот дрес има уште посилна бела нијанса, линиите на „Адидас“ повторно се на рамената, со небесно сина боја која ја претставува бојата на небото над шпанската престолнина. На дното од дресот има лого во чест на 115- годишнината од формирањето на клубот.

Гостинската опрема се враќа во претпознатливата црна боја, „кралевите“ имале многу успеси во минатото со овие бои, меѓу попознатиот успех е трофејот од Лигата на шампиони во 2000 година. Логото на Реал на овој дрес ќе биде со неонска тиркизна боја, што му дава специфичен изглед на дресот.

Дресовите се составени од најновата технологија на „Адидас“. „Климакул“ текстилот ќе продолжи да им овозможува на фудбалерите комфорен настап, додека потполно новиот материјал ќе го направи дресот многу попријатен за носење.

 collagekrosisko4168BEA200000578-4602762-image-a-38_1497430751649https://www.instagram.com/p/BVUBRPLhkC3/?taken-by=realmadrid

Се вчитува...