„Кралевите“ против традицијата: Реал Мадрид половина век нема победа над Барселона во Купот на Шпанија

Реал Мадрид цели 50 години нема победа против Барселона во Купот на Шпанија на „Сантијаго Бернабеу“. „Кралевите“ ќе се обидат да ја урнат негативната традиција на вечерашната пресметка за пласман во финалето од најмасовното натпреварување. По првиот меч на „Камп Ноу“, Реал Мадрид има поволен резултат (1-1), но последниот триумф во Купот против Барса го памети дури од сезоната 1969/70 кога славеше со 2-0.

Сантијаго Солари ќе го нема на располагање Иско Аларкон поради проблеми со грбот, но во составот се враќа капитенот Серхио Рамос, кој не играше против Леванте поради жолти картони. Единствената дилема е дали Герет Бејл ќе добие шанса од стартот или повторно ќе почне од клупата за резерви.

Најголемиот адут на Барселона секако е Лионел Меси. Тој има постигнато 26 гола против Реал Мадрид во кариерата од кои 15 на „Сантијаго Бернабеу“ на 39 натпревари. Покрај тоа, има и 14 асистенции на дуелите против „кралскиот клуб“.

 

Се вчитува...