„Кралевите“ се малери без граници – се повреди и Бензема

Проблемите на Зинедин Зидан со повредите на Реал Мадрид се зголемија уште повеќе откако на повреда се пожали и најдобриот стрелец на тимот, Карим Бензема. Францускиот голгетер се здобил со незгоден удар во пределот на скочниот зглоб на последниот меч со Валенсија, а потоа на вчерашниот тренинг се пожалил на болка на истото место.

По извршените детални прегледи било решено Бензема сигурно да го пропушти дуелот со Валјадолид што на програмата е викендов, а според шпанските медиуми минимални се шансите за негов настап на првиот осминафинален меч од Лигата на Шампионите против Аталанта.

Звучи неверојатно, но ова е вкупно 41. повреда во таборот на Реал Мадрид од почетокот на сезонава. Поради најразлични проблеми Зидан за утрешниот дуел со Валјадолид нема да може да смета ниту на Рамос, Карвахал, Родриго, Валверде, Азар, Одиозола, Марсело и Милитао.

 

Се вчитува...