„Кралевите“ се опоравија од шокот, настрада Валјадолид

Реал Мадрид ги загуби сите трофеи оваа сезона, но ќе игра за честа до крајот на сезоната и ќе се труди да победува. Тимот на Сантијаго Солари ја испрати пораката вечерва од Валјадолид, совладувајќи го домашниот состав со 1-4.

Алкараз не реализира пенал за домаќинот во 12.минута, но потоа Тухами го доведе Валјадолид во водство. Сепак, тоа не  беше доволно за да се освојат бодови против Реал Мадрид. Рафаел Варан израмни до крајот на првиот дел, а на самиот старт на второто полувреме Карим Бензема со два гола, еден од пенал, донесе водство за „кралевите“ од 1-3. Во финишот Лука Модриќ го постави конечниот резултат, а Кашемиро заработи исклучување.

Се вчитува...