„Кралевите“ слават, ама Роналдо е разочаран – Ваков „пост“ во ЛШ немал девет години

Бранителот на трофејот во Лигата на шампионите, тимот на Реал Мадрид, се пласира во четвртфиналето со две победи против Наполи и вкупен резултат 6-2, но тоа не го исполнува комплетно Кристијано Роналдо. Португалецот е разочаран затоа што за него има неверојатен „пост“ во ЛШ, што не му се случил цели девет години.

Роналдо нема постигнато гол за Реал Мадрид во елитното европско клупско натпреварување на последните шест средби. Тоа му се нема случено од далечната 2008 година.

„Португалецот не е ‘свој’ доколку не успее да се запише меѓу стрелците. Тој се мотивира со постигнувањето голови, а во последниот период погодоците не му се секојдневие“, пишуваат шпанските медиуми.

 

Се вчитува...