„Кралевите“ со предност против Ајнтрахт на полувремето од Суперкупот (ВИДЕО)

Реал Мадрид има предност од 1-0 против Ајнтрахт Франкфурт на полувремето од финалето во УЕФА Суперкупот кое се игра на националниот стадион во Хелсинки, Финска.

Во интересен натпревар со сериозни шанси и на двете страни, беше искористена само една од страна на „кралевите“.

По проигрувањето од Кашемиро во 38.минута со глава, погоди Давид Алаба за предност на Реал од 1-0 по првите 45 минути во Хелсинки.

Се вчитува...