„Кралевите“ со триумф над Селта Виго ја почнаа 2021 година (ВИДЕО)

Реал Мадрид со победа над Селта Виго од 2-0 ја почна 2021 година. По еден гол во двете полувремиња беше доволен за прва радост на „кралевите“ во 2021 година. Лукас во 6. минута донесе водство од 1-0, додека конечните 2-0 ги постави Асенсио во 53. минута.

Реал со триумфот се искачи на врвот на првенствената табела во Ла лига со 36 бода, односно еден повеќе од градскиот ривал Атлетико Мадрид, но и три натпревари повеќе. Селта Виго останува на одличната осма позиција со 23 бода.

 

 

Се вчитува...