„Кралевите“ триумфално низ Билбао

Реал Мадрид успеа да слави на ’жешкото’ гостување против Атлетик Билбао, совладувајќи го баскискиот тим со 1-2. По ова, „кралевите“ имаат пет бода предност на врвот на табелата пред Барселона, која утревечер на „Камп Ноу“ ја пречекува Валенсија.

Карим Бензема во 25.минута го отвори резултатот на „Сан Мамеш“, но домашниот тим не се предаде и успеа да израмни во 65.минута преку Ариц Адуриз. Сепак, „кралскиот клуб“ повторно го врати водството само три минути подоцна, со голот на Кашемиро.

All Goals & Highlights – Athletic Bilbao 1 – 2… by ZidaneHD

Се вчитува...