„Кралевите“ убедливи против Барса, Принтезис ја разочара Црвена Звезда

Реал Мадрид на лесен и убедлив начин славеше триумф над големиот ривал Барселона во Евролигата. „Кралевите“ доминираа во текот на целиот меч и на крајот славеа со 85-69. Уште на стартот поведоа со 22-13, и во ниту еден момент триумфот не беше доведен во прашање. Серхио Љуљ со 21 поени и Густаво Ајон со 14 поени го предводеа Реал Мадрид до победата.

Олимпијакос успеа да стигне до триумф на гости во Белград против Црвена Звезда, и тоа по продолжение. Грчкиот тим триумфира со 64-66, а Принтезис го постигна победничкиот кош во самиот финиш од дополнителните пет минути.

ЦСКА Москва ја совлада Дарушафака со 95-85, а Галатасарај го победи Уникс Казан со 75-67.

Се вчитува...