„Кралевите“ за едно полувреме ја прегазија Севилја

Реал Мадрид оствари убедлива победа над Севилја (5-0) на „Сантијаго Бернабеу“. Тимот одигра фантастилно прво полувреме, во кое ги постигна сите пет погодоци. Начо го отвори резултатот, а потоа Кристијано Роналдо, кој на фановите им ја покажа петтата „Златна топка“, постигна два гола.

Серијата продолжи со головите на Тони Крос и на младиот Ашраф Хакими.

Се вчитува...