Кралевски на комеморација на Блажевиќ: Чиро ме зеде во Хајдук

Поранешниот македонски фудбалер Игор Кралевски, утре ќе присуствува на комеморацијата на прославениот хрватски тренер Мирослав Чиро Блажевиќ, кој почина на 8. февруари на 87-годишна возраст.

Комеморацијата на Блажевиќ ќе биде во Загреб, а Кралевски ќе учествува заедно со прославени имиња од регионот, кои го познаваа и тренираа под „палката“ на популарниот Чиро.

„Чиро Блажевиќ ме зема во Хајдук во 2005 година. Одам во Загреб да му одадам последна почит. Многу го почитував и како тренер и како човек. Од него имаше што да се научи“, рече Кралевски.

Блажевиќ дојде во Хајдук во 2005 година исто како и Кралевски. Но, за разлика од македонскиот фудбалер, Чиро кратко се задржа на клупата на тимот од Сплит. Кралевски играше во Хајдук од 2005 до 2007 година, а потоа замина во Луч Енергија во Русија. Од македонските клубови играше за Цементарница, Македонија ЃП, Работнички, Металург и Тетекс.

Се вчитува...