Кралицата се врати: Серена со победа во двојки го почна повратничкиот поход!

Најдобрата тенисерка на сите времиња, Серена Вилијамс го имаше својот кам-бек на ВТА турнејата со настап во игра на двојки на турнирот во главниот град на Велика Британија, Лондон.

Таа во игра на двојки заедно со својата партнерка, младата Канаѓанка, Викторија Мбоко славеа со максимални 2-0, по сетови 7-6 и 6-2 против Американско/Новозеландската двојка, Никол Мелихар Мартинез и Ерин Роутлиф.

Во четвртфиналето Серена и Мбоко го чекаат подобриот од дуелот меѓу Фернандез/Зигемунд и Панова/Шурс.

Се вчитува...