„Кралот се врати“: Обрадовиќ е нов тренер на Панатинаикос

Сега и официјално, Жељко Обрадовиќ е нов тренер на Панатинаикос откако прославениот српски стратег ја прифати понудата на Јанакопулос и потпиша тригодишен договор со „зелените“ од Атина.

Тој доаѓа на местото на Ергин Атаман, по разочарувачката сезона што ПАО ја заврши без ниту еден трофеј. Уште по заминувањето на Жељко од Партизан почнаа шпекулациите дека Јанакопулос ќе стори се за да го донесе назад во Панатинаикос, стратегот пред два дена дојде на завршни преговори во Атина, по што следеше и потпис на договор за тригодшна соработка.

Во свој стил, големиот потпис го потврди самиот Јанакопулос откако на својот инстаграм профил објави заедничка фотографија со Жељко, со порака: Кралот се врати, приказната продолжува.

За Обрадовиќ ова е враќање во клубот со кој доминираше во европската кошарка. Српскиот стратег претходно дојде во ПАО во 1999 година и остана дури 13 сезони во овој клуб, освојувајќи пет европски титули и 11 трофеи шампион на Грција.

Се вчитува...