„Кралски“ триумф за Реал над ЦСКА, Теодор и Армани немоќни во продолжението против европскиот првак

Во дербито на колото, тимот на Реал Мадрид  ја оствари втората победа на стартот од новото издание во Евролигата, над составот од ЦСКА Москва со резултат од 82-69, во „Визинк“ арената во шпанската престолнина.

Резултатот беше во корист на „кралевите“ во текот на целата средба, избраниците на Пабло Ласо ја контролираа топката, иако Русите во неколку наврати можеа да направат пресврт,. Домашниот состав мечот го приведе кон мирен крај откако последниот период го освоија со 26-16, па севкупниот исход беше во нивна корист со 13 поени разлика. Словенечките репрезентативци вечерва го предводеа тимот на Реал, натурализираниот Американец Ентони Рендолф забележа 16 поени, додека Лука Дончиќ заврши со 14 поени. За ЦСКА Вили Клајбурн беше најрасположениот кошаркар на теренот со 15 поени, додека Кори Хигинс додаде 11 поени.

kostas-sloukas-fenerbahce-dogus-istanbul-eb17

Италијанскиот претставник, Армани Милано на домашен терен го бележи и вториот пораз по две кола во Евролигата, овој пат европскиот шампион Фенербахче со резултат од 80-77  беше подобар од екипата на нашиот репрезентативец, Џордан Теодор. Кошаркарите на Жељко Обрадовиќ се најдоа во минимална негатива по првите две четвртини, но се разбудија во третиот период, па со постигнати 27 поени за 10 минути ја превзедоа иницијативата врз мечот.  Во завршните секунди од  средбата, Италијанците со тројка на Владимир Мицов го однесоа натпреварот во продолженија, сепак искуството на „фенерите“ во дополнителните пет минути го обезбедија првиот триумф сезонава. Костас Слукас, Луиџи Датоме и Бред Ванамејкер го предводеа турскиот состав, со 17 поени, односно 16 поени. Николо Мели заврши со дабл-дабл скор од 15 кошеви и 10 скока. За тимот на Армани Бертанс и Мбаје забележаа по 16 поени, додека македонскиот репрезентативец, Џордан Теодор постигна солидни 15 поени и 7 асистенции.

Макаби Тел Авив издвои тежок триумф на свој терен против шпанската екипа на Басконија, со резултат од 74-68, во второто коло од Евролигата. Предводени од расположениот Норис Кол, најтрофејниот израелски клуб ја превзеде контролата врз мечот по спориот старт, па на полувреме заминаа со предност од 9 поени, 39-30. Гостите од Шпанија го искористија падот на концентрацијата кај кошаркарите на Макаби во вториот дел, сепак немаа сили за изненадување во завршницата. Во домашниот состав најефикасен беше американскиот плејмејкер, Норис Кол со 24 поени и пет асистенции, крилото Томас Дешон додаде 17 поени. За тимот на  Басконија Родриг Бибо забележа 22 поени, Илиман Диоп заврши на 12 поени, а Торинк Шенгелија со 11 поени и пет скока.

nick-calathes-panathinaikos-superfoods-athens-eb17

Составот на Панатинаикос ја бележи првата победа во новата сезона во најелитното европско клупско првенство, пред своја публика во Атина го совлада Бросе Бамберг со резултат од 93-83. Одлична партија за грчкиот тим имаше Ник Калатес, постигна 23 поени со импресивни 3/4 за шут за три, а додаде и шест асистенции. Крис Сингтон забележа дабл-бал учинок со 15 поени и 10 скока, Гист и Вугиукас додадоа по 11 поени. Кај гостите од Бабмерг најмногу се истакнаа Леон Радошевиќ и Ники Хикман со по 19 поени.

Се вчитува...