Крчмаревиќ го презеде кормилото на Победа (ФОТО)

Слободан Крчмаревиќ од денеска и официјално го презеде кормилото на Победа. Тој пристигна во Прилеп и го одржа првиот тренинг со екипата во пресрет на саботниот првенствен натпревар против Работнички во Струмица.

Пред почетокот на денешниот тренинг во клупските простории на Победа в.д. претседателката на прилепскиот прволигаш Ирена Јакимовска, посакувајќи му успешна и плодна работа, на фудбалерите им го претстави новоангажираниот шеф на стручниот штаб Слободан Крчмаревиќ. Тој ги запозна сите фудбалери, а потоа со својот помошник Душко Љубичиќ и сите останати тренери Тони Мегленски, Дарко Вршкоски и Дејан Кебакоски, кои остануваат во Стручниот штаб, на стадионот на Могилата го одработија првиот тренинг со фудбалерите.

Се вчитува...