Барбора Крејцикова приреди изненадување во денешното четвртфинале на Вимблдон, славејќи со 2-0 на дуелот против Остапенко. Летонката Остапенко делуваше импресивно во досегашниот дел од турнирот, но попладнево немаше одговор за одличната Крејцикова откако 32-годишната чешка тенисерка славеше со 2-0 во сетови.
Таа стигна до брејк во раната фаза од првиот сет и ја одржа предноста до самиот крај добивајќи го сетот со 6-3. Вториот сет беше многу поинтересен, Остапенко поведе со 1-4, но Крејцикова возврати со четири гејма во низа и водство од 5-4 и сервис. Остапенко возврати со нов брејк, но чешката ветеранка беше поумешна во тајбрејкот, славејќи со 7-4 за свое прво полуфинале на Вимблдон во кариерата.
Таму ќе ја очекува дуел со четвртата тенисерка на ВТА-листата, Елена Рибакина, која денеска по кратка постапка славеше над Елина Свитолина со 6-3, 6-2.
За потсетување, во второто полуфинале на женскиот дел од Вимблдон ќе се сретнат Векиќ и Паолини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА