Крихмаер победник на последниот спуст сезонава

Австирскиот скијач Винсент Крихмаер е победник на последниот спуст сезонава во Светскиот куп во алпско скијање кој како дел од завршната недела се вози во андорскиот ски-центар Солде.

Австриецот до победата стигна со време од 1:26.59 минута, што беше за само девет стоти делови од секундата побрзо од натурализираниот Германец, Ромед Бауман. Подиумот го надополни вториот Германец Андреас Сандер со заостанување од 13 стотинки зад победникот.

Уште претходно Норвежанецот Александер Омот Килде го обезбеди малиот кристален глобус во оваа дисциплина, додека Марко Одермат е севкупен победник во сезоната во алпско скијање.

Се вчитува...