Крихмајер најдобро се снајде на магловитиот супер-џи во Вал Гардена

Австриецот Винсент Крихмајер е победник на третиот Супервелеслалом сезонава кој го одбележаа многуте прекини, поради лошото време и маглата на патеката во италијанската Вал Гардена.

Австрискиот скијач на скратената патека стигна до победата со време од 1:13.84 минути, што беше за само пет стотинки подобро од второпласираниот Норвежанец Кјетил Јансруд. Подиумот го надополни Томас Дрезен од Германија кој зад победникот доцнеше 22 стоти делови од секундата.

Со оваа победа Крихмајер го презема врвот и во генералниот пласман со вкупно 333 поени.

Се вчитува...