„Криминал“ – Лаутаро Мартинез го изнуди најсмешниот пенал во историјата (ВИДЕО)

Шампионот на Копа Италија ќе го дознаеме по продолженија откако по регуларниот дел од натпреварот меѓу Јувентус и Интер не добивме победник (2-2). Домаќините поведоа со голот на Барела во 7. минута со 1-0.

Следуваше во второто полувреме блицкриг на „старата дама“ и со двата гола на Алекс Сандро во 50. и Влаховиќ во 53. минута стигна до целосен пресврт од 2-1. Сепак, до крајот „нероаѕурите“ успеаја да израмната откако Лаутаро Мартинез сам ја стави ногата на ногата на Бонучи и падна како покосен по што главниот судија реши да покаже пенал за Интер кој успешно го реализираше Чалханоглу.

 

Juventus 2 – [2] Inter – Hakan Çalhanoglu penalty 80′ [Coppa Italia Final] from soccer

Се вчитува...