Криштопанс МВП, Томовски најдобар голман во Купот на Македонија

Десниот бек на Вардар, Даинис Криштопанс го доби признанието за најдобар играч во завршницата од Купот на Македонија што се одржа во Битола, а на кој вардарци ја освоија 13.титула во својата историја.

За најдобар голман во завршницата од Купот е прогласен макеоднскиот репрезентативец на голот на Металург, Мартин Томовски кој во двата завршни меча собра вкупно 33 одбрани.

Титулата најдобар стрелец пак, ја „поделија“ клупските колеги од Металург, Филип Кузмановски и Халил Јагањац кои постигнаа по пет гола во полуфиналето и по седум гола во денешното финале.

Се вчитува...