Кристал Палас го ’оддува’ Арсенал

Арсенал дефинитивно е надвор од ритам, а Кристал Палас тоа го искористи и ги декласира избраниците на Арсен Венгер. „Топчиите“ загубија со 3-0, и по ова се многу далеку од обезбедување на пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Кристал Палас продолжи да зема скалпови на фаворити, па по триумфот над Челси на „Стемфорд бриџ“, убедливо славеше и против Арсенал, во битката за опстанок.

Тимот на Сем Алардајс го надигра Арсенал во сите елементи, иако имаше многу поголем посед на топката. Таунзенд во 17.минута го постигна првиот гол за Кристал Палас, а во вториот дел Кабаје и Миливојевиќ од пенал донесоа убедлив триумф. Како игра Арсенал доволно кажува и податокот дека „топчиите“ примија три гола на гости на четвртиот последователен меч, а тоа не им се случило од далечната 1929 година.

All Goals & Highlights – Crystal Palace 3-0… by timefootball

Се вчитува...