Кристал Палас го шокира Челси, Тотенхем се доближи на седум бода

Лидерот на табелата во Премиер – лигата, Челси, доживеа изненадувачки пораз на домашен терен (1-2) од Кристал Палас. Тоа го искористи Тотенхем кој славеше со 0-2 на гости против Барнли, и се доближи на седум бода негатива во пресрет на последните девет кола од шампионатот на Англија.

Фабрегас во петтата минута го доведе Челси во водство на „Стемфорд бриџ“, но Кристал Палас реагираше експресно за четврти триумф во низа. Вилфрид Заха во деветтата минута го израмни резултатот, а Кристијан Бентеке две минути подоцна постигна гол за целосен пресврт.

All Goals – Chelsea 1-2 Crystal Palace – 01… by FootballLiveGoals

Тотенхем го победи Барнли на гости со 0-2, со головите на Даер во 66.минута и на Сон во 77.минута.

Манчестер јунајтед одигра реми без голови на „Олф трафорд“ против ВБА, а Лестер оствари значаен триумф (2-0) над Стоук.

Резултати Англија: Челси – Кристал Палас 1-2, Манчестер јунајтед – ВБА 0-0, барнли – Тотенхем 0-2, Хал сити – Вест Хем 2-1, Лестер – Стоук 2-0, Ватфорд – Сандерленд 1-0.

Се вчитува...