Помпезно најавуваниот аргентински стратег Кристијан Фабијани кој требаше да го одведе скалило погоре македонскиот шампион Вардар, ја завршија својата авантура во Скопје.
Како што објавија од најтрофејниот тим во државата тие спогодбено го раскинале договорот со аргентинскиот стратег.
Фабијани кој уште од крајот на минатата сезона беше во Скопје, а официјално го презеде клубот на стартот на новата сезона не се прослави на клупата на вардарци.
Освен победата против Брегалница во домашниот шампионат тој не направи никаков успех со скапиот тим кој го имаше.
Прво доживеа елиминација од просечни тимови како фински КуПС во Лигата на шампионите, а потоа и летонска Рига во квалификациите од Лигата на Конференции. Чашата ја прели вчерашната катастрофална игра на дербито против Шкендија кое теговци рутински го добија со 0-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
