Кристијан Николов потпиша за МЗТ Скопје!

Поранешниот македонски младински репрезентативец, Кристијан Николов, се враќа назад во татковината откако потпиша договор со екипата на МЗТ Скопје.

Николов важеше за еден од најголемите таленти во мак-баскетот, но пред неколку години се откажа од македонскиот пасош и се пресели во Турција, облекувајќи го дресот на Галатасарај. Тој настапуваше и во Евролигата за овој турски гигант, но во последните години неговата кариера не се движеше во посакуваната насока.

МЗТ Скопје и пред неколку години контактираше со Николов, тогаш не беше постигнат договор, но овојпат разговорите на двете страни вродија со плод, па младиот плејмејкер денеска и официјално го стави потписот на договорот со актуелниот шампион. Николов и Магдевски, кои своевремено заедно настапуваа во младинските категории на нашите репрезентации, а сега заедно ќе бидат дел од МЗТ Скопје.

Се вчитува...