Кристијан Стојкоски – мајсторот за куп-трофеи: „Нека гори Кавадарци… Целиот град заслужи вакво славје!“

Кристијан Стојкоски, без сомнение, е еден од хероите на Тиквеш за првиот трофеј во историјата на клубот! Кавадарчани го освоија трофејот од Купот на Македонија откако со 2-1 славеа против Воска Спорт во финалето, победа најавена со прекрасниот евро-гол на Стојкоски во првото полувреме.

А, за Стојкоски ова е четврти трофеј во Купот, по двата со Македонија ЃП и еден со АП Брера, сега го трасираше патот и до пехарот за Тиквеш.

„Неверојатно чувство… Сум освојувал досега трофеи, но ова е навистина нешто посебно. Со огромна желба цело Кавадарци ја посакуваше оваа историја. Затоа сите сме пресреќни. Нека гори сега Кавадарци… Не чека огромно славје вечерва. Целиот град го заслужи ова“ – истакна по мечот Стојкоски.

Се вчитува...