Се стега „јамката“ околу Португалецот: Роналдо и сам го признал силувањето

Кристијано Роналдо на своите адвокати им признал дека имал сексуален однос со Американката Катрин Мајорга против нејзина волја, открива германскиот весник „Шпигел“ кој прв во јавниоста го отвори случајот во кој фудбалската мега-ѕвезда е под обвинение за силување.

Врз основа на овие сознанија, американската полиција отворила нова истрага за ѕвездата на Јувентус за силување на Мајорга во 2009 година во Лас Вегас. Роналдо е обвинет дека на 13. јуни 2009 година ја силувал 34-годишната Катрин Мајорга во хотел во Лас Вегас, а потоа и платил 375.000 евра за да молчи.

Ронадло ги отфрли претходно овие обвиненија, но неговата ситуација  е сериозна „раздрмана“ по објавувањето на новите докази. „Шпигел“ објави документ кој Роналдо им го предал на своите адвокати. Во него фудбалерот признава дека Катрин Мајорга многупати ги употребила зборовите „не“ и „стоп“ и го молела да запре, но Португалецот не запрел воопшто и на крајот само и се извинил откако завршил.

„Таа рече дека не е подготвена за секс, дека штотуку сме се сретнале, но наспроти тоа, таа ме зграпчи за пенисот. Таа беше легната на креветот, рече дека не сака, но ставаше до знаење дека е на располагање. Можеби доби неколку модринки додека ја соблекував на брзина. На крај таа рече: ‘Ти ме присили. Јас не сум како другите’. Јас и се извинив“ – раскажал Роналдо во прашалникот од адвокатите.

Германскиот весник во посед ја има целата кореспонденција од мејлот меѓу адвокатите на Роналдо во Лос Анџелес и неговиот застапник од Португалија, Карлос Осорио де Кастро. Таа е од 3. август годинава, придружена со документ насловен „прашања за клиентот“. Роналдо на 41 страница детално одговара, минута по минута што се  се случило таа вечер за која е обвинет дека ја силувал Американката. Роналдо засега не се изјаснил за новите наоди во случајот што се појавија во јавност.

Се вчитува...