Кристијано Роналдо и се нуди на Борусија Дортмунд

Кристијано Роналдо ова лето се поврзуваше со трансфер во Баерн Минхен, но до истиот нема да дојде со оглед на тоа што баварскиот гигант го одби 37-годишникот. Сепак португалскиот ас би можел да заврши во германското првенство, во големиот ривал Борусија Дортмунд, пренесуваат германските медиуми.

Според пишувањата на „Блид“, агентот на Роналдо, Жорже Мендеш го понудил играчот на тимот од „Сигнал Идуна Парк“ кој остана без услугите на засилувањето Себастијан Але кој најверојатно ќе биде во „аут“ до крајот на сезоната.

Доколку дојде до трансфер за искусниот голгетер тоа ќе биде прв настап за германски клуб. Роналдо кариерата ја започна во Спортинг Лисабон, а оттаму се пресели во Манчестер Јунајтед. Пред да се врати на „Олд Трафорд“ во 2021 година ги бранеше боите на Реал Мадрид и Јувентус.

Се вчитува...