Кристијано Роналдо има и личен тренер за спиење

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо има сопствен тренер за спиење. Името на човекот е Ник Литлхелс, а самиот себе се нарекува „гуру за спиење“. Тој работи со Роналдо уште од времето во Реал Мадрид. Португалецот има план за спиење направен според начинот на спиење на еден од најголемите умови во историјата на човештвото Никола Тесла.

Роналдо според овој план дневно спие од 7 до 8 часа, а час и половина пред легнување не користи мобилни телефони, телевизија или било каква друга технологија. Тој секогаш спие во фетална положба и секогаш спие на нова постелнина. За него во Мадрид постоеше посебна капсула за спиење за да може да го задржи зададениот ритам на одмор без разлика на опкружувањето.

 

Се вчитува...