Кристијано Роналдо побарал да си замине од Реал!

Кристијано Роналдо повторно не е среќен во Мадрид и веќе го известил и претседателот Флорентино Перез за својата намера по завршувањето на сезонава да си замине од „Сантијаго Бернабеу“. Оваа информација најпрвин беше објавена на спортската ТВ емисија „Ел Чирингуито“, а потоа ја пренесоа бројни шпански медиуми, тврдејќи дека Перез веќе не може да искористи “џокер – нов договор“, бидејќи Португалецот јасно ставил до знаење дека нема намера да ја продолжува верноста кон најтрофејниот европски клуб.

Досега кога и да се случеше Роналдо да биде незадоволен, Перез работите ги решаваше со повеќе пари за својот најдобар фудбалер. Истото се случило и овојпат, но одговорот на Кристијано овојпат бил негативен, децидно порачувајќи дека одлуката му е конечна, сака да си замине и поради тоа не гледа зошто би потпишувал нов договор.

Според овие информации, незадоволството од стартот на новата сезона на личен план и огромното заостанување зад Барселона, но и сериозниот интерес за Мбапе покажан во текот на летово се главните причини за незадоволство.

На потег е Флорентино Перез, кој ќе треба да пресече дали ќе направи „ремонт“ во тимот, па покрај најавената продажба на Герет Бејл ќе го пушти и Роналдо да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...