Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо повторно е позитивен на коронавирус. Тоа значи дека Андреа Пирло нема да може да смета на својот најдобар фудбалер на мечот против Барселона во Лигата на шампионите кој на програмата е следната недела.
Роналдо беше позитивен на тестирањето пред мечот против Шведска во Лигата на нации, а покрај натпреварите за Португалија, ги пропушти и мечевите на Јуве против Кротоне во Серија А и Динамо Киев во Лигата на шампионите.
Покрај дербито со Барселона, Пирло нема да може да смета на Роналдо и на мечот против Верона во Калчолигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА