Кристоф Даум откри дека боледува од рак

Шок од Германија. Искусниот тренер Кристоф Даум откри дека боледува од рак. Ова го објави во петокот наутро на „Инстаграм“.

Даум има 68 години и беше тренер на многу екипи во Бундеслигата, како и надвор од Германија, а беше и селектор на Романија.

„Драги љубители на фудбалот, денеска би сакал да ви се обратам со лична порака. За жал морав да се повлечам од јавноста во последните неколку месеци бидејќи добив дијагноза на рак како дел од рутински преглед“, напиша Даум и потенцираше дека е во најдобри раце и порача да се оди навреме за превенција на рак. 

„Ме знаете, јас сум борец и ќе се справам со овој предизвик отпимистички. Затоа барам приватност за да оздравам што е можно поскор. Среќен сум и ви благодарам за поддршката“, напиша Даум. 

Даум ги водеше екипите на Келн, Штутгарт, Бешикташ, Баер Леверкузен, Бешикташ, Австрија Виена, Фенербахче, Келн, Ајнтрахт Франкфурт, Бриж, Бурса, а последен ангажман му беше селектор на Романија во 2017 година.

Се вчитува...