Норвешкиот скијач Хенрик Кристоферсен е победник на денешната велеслаломска трка во Светскиот куп во алпско скијање која што се возеше во словенечкиот ски-центар Крањска Гора.
Норвежанецот до победата стигна со вкупно време од 2:18.18 минути што беше за 41 стотинка побрзо од неговиот сонародник кој ги брани боите на Бразил, Лукас Пинеиро Бротен. Подиумот го надополни водечкиот во генералниот пласман Марко Одермат од Швајцарија кој доцнеше 52 стотинки зад времето на победникот.
Утре во Крањска Гора е закажана слаломската трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА