Регионалното натпреварување во женска кошарка ВАБА, поточно втората по квалитет лига ВАБА2 по неколку години пауза повторно ќе има претставник од Македонија.
Амбициозниот проект Крива Паланка реши покрај борбата за висок пласман на домашната сцена да се испроба и на мегдан во регионот, аплицирајќи за учество во АБА2 и добивајќи билет да биде дел од сезоната 2025/26 во ова натпреварување.
За екипата финалист во ланското издание на плеј-офот, ќе биде историски момент, затоа што за прв пат во своето постоење „излегува“ надвор од границите на нашата држава, и ќе биде дел од ова натпреварување во кое учествуваат екипи од повеќе земји од опкружувањето како Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и од Австрија.
Почнувајќи од овој викенд, кошаркарките на тренерот Виктор Петровски ќе играат против екипите на Јежица, Илирија, Марибор (Словенија), Брод на Сави (Хрватска), РМУ Бановичи (БиХ), Подгорица (Црна Гора), Клостернбург и УБИ Грац (Австрија).
На премиерата, на 27.септември, нашиот претставник ќе игра против црногорската Подгорица, во меч кој е закажан за 19.часот, а ќе се игра во салата „Бранители 2001“ во Крива Паланка.
Наредниот ден, од 15.часот, Крива Паланка како домаќин ќе игра и против екипата на РМУ Бановичи. што ќе биде добра можност за љубителите на кошарката, не само во Крива Паланка, туку и во околината, да присуствуваат на квалитетни натпревари од ова женско регионално натпреварување.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ВАБА 2 НА КРИВА ПАЛАНКА
(ПРВ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА)
1. КОЛО (27.СЕПТЕМВРИ, 2025)
Крива Паланка – Подгорица
2. КОЛО (28.СЕПТЕМВРИ, 2025)
Крива Паланка – РМУ Бановичи
3. КОЛО (25.ОКТОМВРИ, 2025)
Клостербург – Крива Паланка
4. КОЛО (26.ОКТОМВРИ, 2025)
Брод на Сави – Крива Паланка
5. КОЛО (29.НОЕМВРИ, 2025)
Крива Паланка – Јежица
6. КОЛО (30.НОЕМВРИ, 2025)
Крива Паланка – Марибор
7. КОЛО (31.ЈАНУАРИ, 2026)
Илирија – Крива Паланка
8. КОЛО (1. ФЕВРУАРИ, 2026)
УБИ Грац – Крива Паланка
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

